Обезбедуваме континуирана услуга за ладен ланец за транспорт и складирање на фармацевтски производи, со кратко време на транзит и постојана контрола на температурата на стоката од −70 °С до + 30 °С.
Нашите логистички центри ширум светот гарантираат континуиран ладен ланец со највисоки стандарди за безбедност и строга контрола на квалитетот.
Врз основа на долгогодишното искуство во ракување со фармацевтски производи нудиме персонализирани консултации со цел да дизајнираме специјално прилагодени решенија и да обезбедиме непрекината услуга за вашата логистика во областа на здравството. Врвниот квалитет е загарантиран благодарение на специјализираниот персонал, процесите што се во согласност со стандардите ИСО и БДП, инспекциите на превозниците и добавувачите, како и континуираното следење на температурата за време на дистрибуцијата. Сите вклучени страни добиваат целосни информации со детален опис на процесот и алтернативи. Обезбедуваме оптимални системи за пакување за посебни температурни барања на вашите производи, дефинираме идеални правци и ги избираме најсоодветните превозници со цел да постигнеме кратко време на транзит и сигурна услуга.