Со нашите високо технолошки логистички решенија ние нудиме сеопфатно портфолио на специјализирани услуги за низа индустрии, од складирање, линиски превоз и услуги во регионалните крос докинг (cross-docking) центри до подготвителната работа за процесот на инсталација на опрема, испорака и монтажа до саканата дестинација , како и повратен транспорт и рециклирање.
Во нашите технички сервисни центри нашиот искусен персонал обезбедува дополнителни софистицирани услуги, вклучувајќи функционално тестирање и претходно конфигурирање, класификација и обнова на користените уреди, како и сертифицирано отстранување на електронски отпад.
Нашиот возен парк со високо технолошка опрема може да се прилагоди на секаков вид испорака, бидејќи вклучува опрема од најнова генерација. Фургон-камионите со двочлен екипаж, доколку е потребно, се надградуваат со специфична опрема, како што се: ескалатори, телескопски кранови, таблички за ракување со товари итн.
Нашите клиенти се водечки светски компании и доаѓаат од широк спектар на области: од банкарството и малопродажбата, потоа ја вклучуваат вендинг (vending) и гејминг (gaming) индустријата, медицинската и фитнес опрема, уредување на ентериери, индустријата задолжена за дигитално рекламирање во различни формати и киосци, индустријата за енергија, телекомуникации, како и ИТ-секторот.
Карго-партнер работи со најсовремени логистички капацитети и технички сервисни центри за барањата на високо технолошките уреди и опрема. Имаме посебен простор за складирање за ракување со опрема под температурен режим и заштита од прашина. Нашите услуги се движат од избор на нарачки на ниво на палети и артикли до комплетирање, пакување и разни други дополнителни услуги. Покрај тоа може да ви понудиме целосно персонализирани решенија прилагодени кон вашите потреби. Највисокото ниво на безбедност е обезбедено со видеонадзор, сензори за контрола на движењата и контрола на посетителите, а објектите, како од внатрешната, така и од надворешната страна се опремени со аларм и противпожарна опрема.
Врз основа на нашата сопствена експертиза во областа на информатичката технологија може да ви обезбедиме најсовремени системи за управување со складишта − ВМС (WMS) и технички услуги − ТСМС (TSMS). Софистицираните ИТ-алатки овозможуваат управување со складиште врз основа на сериски број, скенирање бар кодови, извештаи за статусот во реално време, детални извештаи за КПИ (KPI), како и лесно поврзување со системите на нашите корисници. Покрај тоа нашите корисници имаат онлајн пристап до алатки за управување со складишта до кои може да пристапат во секое време и од која било локација.
Нашите технички услуги за дистрибуција вклучуваат испорака до саканата дестинација во однапред одредено време, распакување и монтажа, обука за корисници на терен, регионално собирање и испорака на нова и користена високо технолошка опрема, враќање на старите уреди и управување со имплементацијата. Преку нашата широка мрежа на центри за увоз-извоз низ целата земја може да обезбедиме услуга за испорака во рок од 2 до 3 дена.
Имаме наменски возила опремени со воздушна суспензија, кранови со капацитет за оптоварување до 3 тони, подни облоги кои не се лизгаат, држела со различни големини, соодветни алати и сеопфатна опрема за транспорт на машини и уреди со висока вредност. Следењето на возилата преку ГПС овозможува следење на пратките во реално време преку платформата СПОТ, вклучувајќи проактивни ажурирања на статусот.
Безбедната испорака е обезбедена благодарение на двајца возачи кои се лично назначени и обучени од Карго-партнер. Употребата на заштитни ракавици е задолжителна, а се обезбедуваат услуги за инсталација, тестирање, пуштање во работа и предавање, расклопување и враќање на користената опрема, како и обука на корисниците.
На платформата СПОТ операторите и клиентите имаат можност да ја следат пратката во реално време со прием на доказите за испораката во електронска форма (е-ПОД) во рок од 24 часа.