Kontakt Flappe öffnen
Industries

Прехранбени производи и лесно расиплива стока

Ние нудиме услуги за транспорт и складирање на сите видови стоки кои бараат контролирани климатизирани услови на температура помеѓу 15 °C и 25 °C, за товар во фрижидер помеѓу 0 °C и 4 °C и за замрзнат товар до  −18 °C , вклучувајќи различни активни и пасивни решенија за пакување.

Ракувањето, складирањето и транспортот на расипливи производи, како што се: зеленчук, месо, млечни производи, овошје и цвеќиња бара посебно внимание и експертиза, како и висок квалитет и сигурност на процесот.Ова барање го исполнуваат нашите посветени тимови за храна и лесно расиплива стока во сите канцеларии на Карго-партнер од  кои некои се сертифицирани со ИСО (ISO), ИФС (IFS) и КЕР (QEP).

Нашите специјализирани тимови ширум светот даваат детални совети за вашата логистика за прехранбени производи и креираат (дизајнираат) решение од врата до врата специјално прилагодено на вашите потреби. Ние нудиме логистички решенија за ладен ланец во поморски, воздушен и патен транспорт, вклучувајќи ладилници, активни и пасивни опции за ладење, како што се: еколошки контејнери (Envirotainers), термички ќебиња и фолии, како и постојано следење на температурата и влажноста и ГПС-навигација. Нашите експерти за храна и расиплива стока ќе се грижат за сите потребни ветеринарни и фитосанитарни инспекции и ќе ги спроведуваат сите царински постапки.

Контакт

* required field