Kontakt Flappe öffnen
Компанија

Историјат

Карго-партнер е составен дел од меѓународната транспортна индустрија подолго од три децении. Компанијата специјализирана за авиотранспорт е основана во 1983 година во Виена и наскоро започнавме со проширување на другите пазари, воведовме други типови/видови транспорт и направивме значителни чекори во информациската технологија и одржливите логистички решенија.

1983 − 1993: Од авио-транспорт до интегрирани логистички концепти

Со основањето во 1983 година во Виена  започнавме како компанија специјализирана за авиопревоз, но набргу дојдовме до сознание дека пазарот бара и ефикасни решенија за поморски транспорт и сеопфатни логистички концепти. Започнавме да ја прошируваме нашата стручност (експертиза) и портфолио на услуги, така што наскоро почнавме да пружаме интегрирани решенија за авионски и поморски транспорт со поддршка на растечката (сè поголемата) мрежа на транспортни партнери. 
 

1983 − 2000: Силен почеток во Европа

Карго-партнер секогаш ја сметаше Виена за значаен центар со идеална положба во срцето на Европа. Нашата експанзија во Источна Европа беше очигледна последица на тоа. Во 1993 година започнавме со експанзија во Братислава, Прага и Будимпешта, а потоа и во останатите големи градови во Источна Европа. Како што се развиваше Европската Унија и како што прифаќаше сè повеќе источноевропски земји, се проширивме и во Германија и во земјите на Бенелукс со цел да обезбедиме оптимална покриеност на пазарот. Во Полска, една од најголемите национални економии меѓу источноевропските држави, ни се отвори уште еден важен пазар. Освен тоа, имавме можност да основаме и претставништва во Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија, Србија и Босна. 
 

2000: Пионери на инфологистиката со платформата СПОТ

Го поздравивме почетокот на новиот милениум со имплементирање на онлајн платформата СПОТ за управување со нашиот транспорт и ланецот на снабдување. Информациската логистика наскоро стана главен камен-темелник на нашата организација бидејќи го следевме  брзиот напредок на дигитализацијата и останавме на водечката позиција во поглед на технолошките иновации. 
 

2001: Први ограноци во САД

Во 2001 година го отворивме првиот американски огранок, во Њујорк, мотивирани со желбата да го продлабочиме своето знаење и да се приближиме до клиентите на тој пазар. Десет години подоцна основавме огранок во Чикаго, кој набрзо прерасна во главен центар на нашето работење на Средниот Запад. Оттогаш отворивме канцеларии во Лос Анџелес, Хјустон и Кларксвил и ја дополнивме својата мрежа со висококвалификувани партнери со цел да обезбедиме максимална покриеност. 
 

2004: Експанзија во Азија, континент на 21 век

„Раширете ги рацете и прифатете ја промената, но не испуштајте ги своите вредности“. Овие зборови на Далај Лама, симболично го претставуваат нашето проширување во Азија. Предвидувајќи дека трговијата меѓу европскиот и азискиот пазар ќе доминира во нашата индустрија во наредните децении, го направивме првиот чекор  на Далечниот Исток со отворање на канцеларија  во Тајван во 2004 година. Истата година ги отворивме и првите канцеларии во континенталната Кина, а во 2007 и 2008 година и во Индија, во Тајланд и во Сингапур. Денес имаме наши канцеларии во Јужна Кореја, во Шри Ланка, во Малезија, Бангладеж, Индонезија, Виетнам и Мјанмар. Се обидуваме да ја усвоиме културата и менталитетот на секоја земја, истовремено задржувајќи ги и унапредувајќи ги вредностите на нашата компанија Карго-партнер. 
 

2006: Јакнење на нашиот интензивен фокус на еколошки прифатливата логистика

Логистичката индустрија е исклучително конкурентна, но и исклучително важна област на делување (работење) кога станува збор за животната средина. Свесни сме за својата одговорност и продолжуваме да преземаме чекори во спречувањето на глобалното затоплување. Во 2006 година ја основавме организацијата Еколошки карго-партнери (Environmental cargo-partners) со цел да го нагласиме своето убедување во еколошки одржливата логистика и преземавме практични чекори за да го промовираме натамошниот развој на иновативните технологии за намалување на опасните материи. Вложуваме во иновации затоа што ги сметаме за најдобар начин за постигнување на трајно позитивно влијание. Во индустријата каде што е вообичаено да се одложува таквото истражување на нови технологии, ние тежнееме да ги поттикнеме останатите да нè следат. 
 

2016: Вовед во иднината на инфологистиката

Во 2016 година преземавме два битни чекора со цел да ја зацврстиме својата положба на водечки давател на услуги  на информациска логистика и ја унапредивме својата посветеност на исклучителниот квалитет на процесот во целиот ланец на снабдување. Во есента 2016 година лансиравме платформа за патен транспорт на компанијата Карго-партнер. Оваа платформа за патен транспорт ја поедноставува нашата потрага по достапни возила и ги олеснува комуникацијата и управувањето со информациите со цел да обезбедиме квалитет, да го намалиме празниот од и да ги оптимизираме цените. 
 

2018: Воспоставување договорна логистика како трет главен столб

Во изминатите неколку години силно се фокусиравме на ширењето на нашата мрежа за складирање и логистичките компетенции ширум светот, што за нас претставува трет главен столб покрај авионскиот и поморскиот транспорт. Со нашите постојани растечки капацитети за складирање во Европа, Азија и САД ги покриваме најбитните точки, создавајќи цврста основа за поддршка на меѓународните производни и дистрибутерски мрежи на нашите клиенти. Благодарејќи на нашите избрани партнери за патен транспорт и дистрибуција, можеме   да понудиме сеопфатен пакет на услуги. Клиентите почнаа во голема мера да се потпираат на нашите прилагодени  решенија за складирање, блиска соработка, прецизно дефинирани процеси и иновативни ИТ-алатки за да обезбедат максимална ефикасност во логистичките оперативни процеси ширум светот. 

И понатаму сме на врвот на напредокот во врска со нашата глобална експанзија, широкиот опсег (распон) на специјални логистички решенија во индустријата, нашите иновации во поглед на одржливата логистика и нашите современи ИТ-системи. Искрено им се заблагодаруваме на нашите клиенти и партнери кои ни помогнаа да изградиме успешна историја и гарантираме дека ќе продолжиме понатаму да нудиме (пружаме) извонредни услуги во  согласност со вредностите кои го обединуваат семејството на Карго-партнер ширум светот:

ние тоа го сфаќаме лично
услужувајќи ги своите клиенти подобро од останатите
со страст за извонредност!