Искористете ги нашите групни мрежи ширум Европа за секојдневни поаѓања, брз транзит и ефикасна испорака од врата до врата. Времето за транзитот варира од 24 до 72 часа, при што вршиме ноќен превоз секогаш кога е можно. Ние, исто така, нудиме експресни услуги на барање.
Нашата распространета мрежа во Централна и Источна Европа во целост е интегрирана со Меѓународната логистичка мрежа – ИЛН (ILN) со цел постигнување на максималните граници на оддалеченост и обезбедување контрола на квалитетот. Покрај тоа ние вршиме испорака до пазарите, како што се: Казахстан, Авганистан, Узбекистан, Пакистан, Грузија и Азербејџан преку нашите добро поставени групни центри.
Со нашите решенија за групен транспорт може да се потпрете на брз претовар и чести поаѓања, како и низа дополнителни услуги, како што се: преземање и пакување на стоката, палетизација, декларација и царинење. Максималните стандардни димензии за обичниот товар се 240х120х210 см по единица, со максимална тежина од 1 500 кг. Сепак, со задоволство ќе организираме превоз на стоки со нестандардна големина и тежина на ваше барање. Исто така, може да превезуваме стока од сите вообичаени класи, освен класите 1 и 7. Нашите експерти ќе ви помогнат да ги проверите сите потребни документи и да обезбедите соодветно пакување и декларација.
Нашата услуга за пратки со максимално оптоварување обезбедува максимална точност при итниот транспорт на целосните пратки во рамки на Европа. Ги превезуваме сите видови комерцијални производи, палетизирани или непалетизирани. Благодарејќи на нашата група сертифицирани превозници, може да понудиме висока флексибилност кога станува збор за товарниот простор.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕБлагодарејќи на нашата услуга за делумен утовар на стока (претовар), ќе платите само за просторот што ви треба. Ние се грижиме за редовните поаѓања на камионите и имаме своја мрежа на добро поставени збирни (групни) центри и складишта низ цела Европа.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ